НСДМ ја потпиша Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

24 септември, 2021

Ангела Тортевска од младинската организација на НСДП, вчера (23.09.2021) во хотел Александар Палас, во Скопје, ја потпиша оваа Декларација на невладината организација „Институт Охрид“, со што се изрази политичка волја за спроведување на фер и демократска предизборна кампања, како и за борба против говорот на омраза и предизборен фер плеј.

Потпишувањето на оваа Декларација е традиционален настан кој се одржува пред секои избори од 2014 година, а на кој земаат учество подмладоците на сите политички партии од Северна Македонија. НСДМ редовно е дел од овој настан на кој се пренесува порака до јавноста дека политичките подмладоци и младите луѓе кои се активни во политиката се зрели да учествуваат во сите процеси во државата и дека тие, како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура и да го издигнат политичкиот дијалог на повисоко ниво.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство