Наследниците на Ќосето ќе бегаат од државата во недела навечер

9 декември, 2016

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Поради целосната контрола на изборниот процес на сите досегашни избори организирани во текот на десетгодишното нивно владеење, ВМРО-ДПМНЕ по правило  изборната победа ја објавува два часа пред затворањето на избирачките места. Помеѓу 17 и 19 часот излегуваат по улици и плоштади, најавувајќи и прославувајќи ја нивната победа.

Свесни дека овој пат тоа нема да се случи, а соочени со фактот дека ќе одговараат пред лицето на правдата и со неизбежното губење на слободата за злосторствата што ги направија на граѓаните, но и на државата, наследниците на Ќосето можно е да заминат во непознат правец од скопскиот или охридскиот аеродром, некаде помеѓу 17 и 18 часот во недела. НСДП укажува на потребата од зголемена будност на македонските органи на прогонот, како на споменатите два аеродроми, така и на сите гранични премини меѓу Македонија и соседните земји, во терминот по 17 часот во недела.

Веродостојноста на овој чин е зголемена по јавната закана на Груевски за ликвидација на лидерот на опозицијата, која ја испрати на митингот во Делчево. Не случајно тој се закани со неговиот идеолошки гуру – Ќосето, познат во македонската историја како монструозен убиец на најдобрите македонски синови и во чија чест, токму пред судот, подигна негов споненик. Тој е единица мерка за сите што се дрзнале да го симнат од власт Груевски.

Поради сето тоа, Македонија не смее да дозволи најголемото зло што и се случило во поновата нејзина историја да замине неказнето.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство