Наместо предвремени избори во наредниот период треба жестока пресметка со корупцијата, криминалот, непотизмот, неодговорното однесување на носители на јавни функции и дополнително засилување на економскиот развој

17 јуни, 2019

Соопштение за јавноста и медиумите:

Во време кога Република Северна Македонија го трча последниот круг кон целта – членството во НАТО и ЕУ, огромна и непроценлива е политичката штета што и се прави на државата со неразумната лицитација околу можниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, пришто сериозно зголемувајќи ги шансите да ја промашиме целта.

На огромното мнозинство граѓани им е јасно дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат и со ниту еден потег на политичарите, вредностите и успесите што се направени во изминатиот период не смеат да се доведат во прашање и да се девалвираат. Со историските договори со Бугарија и Грција, со промената на уставното име, усвојување на Законот за јазиците и многу други закони од европската агенда, практично ги исполнивме главните услови поставени од ЕУ. Овие вредности, жртви, откажувања и направени компромиси, никој нема право да ги доведува во прашање независно како се вика и на која функција се наоѓа, а уште помалку институциите на државата. Секакви лични, партиски и политички калкулации и рејтинзи, во овој момент мора да бидат ставени на страна. Реалноста е дека до крајот на годината ќе станеме членка на НАТО, а од највисоко место од Брисел добиваме јасна порака дека почетокот на преговорите не се доведува во прашање, туку само одлуката, дали тие да почнат до крајот на годинава или почетокот на идната година. Значи единствен проблем е моментот на донесување на одлуката за почеток на преговорите, дали ќе се случи во јуни или во октомври, дали преговорите ќе ги почнеме годинава или на почетокот на идната година. После многу години и политички исчекувања, макотрпна борба и направени компромиси, во оваа финална фаза на исполнување на стратешките приоритети на земјата ирелеванто станува точниот тајминг на одлуката кога се во прашање месеци. Одлуката на ЕУ е повеќе од извесна и  неоправдано е било какво драматизирање на работите со разни црни сценарија за држвата.

НСДП оценува дека наместо влошување на политичката ситуација во државата со оставка на Владата и распишување на предвремени избори,  времето до почнувањето на преговорите Владата на Република Северна Македонија треба да го посвети на жестока пресметка со корупцијата, криминалот, непотизмот, неодговорното однесување на носители на јавни функции и дополнително засилување на економскиот развој на земјава. Политичките субјекти не треба да испуштат од вид и дека неодамна завршија изборите за Европскиот парламент, поради што  ЕУ е преокупирана со составот и изборот на новата Комисија и дека на 7 јули ќе има предвремени парламентарни избори во Грција, политички настани кои имаат силно влијание врз нашите состојби.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство