НА 13 АПРИЛ, ВРЕМЕ Е ОТВОРИМЕ НОВА СТРАНИЦА ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

8 април, 2014

Со овации на преполниот плоштад во Кичево вечерва беше пречекан претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

– Вие најдобро ја знаете разликата. За среќа, лошата политика во изминативе години не го расипа меѓуетничкиот соживот. Кичево и неговата околина ја има вредноста која, за жал во последните години е ретка во Македонија, истакна Пендаровски.

– Мојот концепт е граѓанинот пред се, човекот пред се. Затоа што држава без луѓе не може да постои. Ќе бидам Претседател кој ќе го почитува секој човек без да го дели по било кој основ.

– Денеска во посета на Кичево и околината видов и слушнав многу проблеми. Лошата инфраструктура, недостигот од вода и струја, сиромаштијата… Но, најмногу ме разочара тоа што не видов млади луѓе. Младите во мојот мандат ќе бидат таргетна група. Како да ги задржиме во својата држава ќе биде еден од проблемите за кој ќе се фатам во костец и ќе го решавам. Ако си реформатор, младите нема да ти бегаат од тука. Но, очигледно е обратно, порача Пендаровски пред насобраната толпа.

Пендаровски вечерва пред Кичевчани зборуваше и за делбите по партиска основа.

– Не можам да разберам како некој што има партиска книшка има шанса да добие вработување, субвенции, социјална помош, студенстско легло. Зошто некој што ги исполнува условите, а нема партиска книшка на ВМРО – ДПМНЕ не добива ништо. Тоа е неправда. Јас ќе работам да се исправат неправдите. За мене сите сте еднакви, сите треба подеднакво да ги имате истите шанси. Моето решение за овие проблеми е да дојдат нови лица на политичката сцена кои со нови политики ќе ги решаваат проблемите и нема да бегаат од нив. Затоа, на 13ти и 27ми сите заедно можеме да придонесеме за ефикасно решавање на проблемите, додаде Стево во своето обраќање.

Пендаровски вечерва одговараше и на прашања на кичевци , кои беа загрижени поради невработеноста, сиромаштијата, но и за добросетските односи, дипломатијата. Како што беше пречекан, Пендаровски беше испратен со силни овации и поддршка од Кичевчани.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство