Средби на заменик претсеадтелката на СДСМ, Радмила Шекеринска и организацискиот секретар на НСДП, Соња Мираковска, во скопските населби Хром и Ѓорче Петров
Жителите на Ѓорче Петров со кои се сретна заменик претседателката, Радмила Шекеринска, искажаа искрена подршка за промените, порачаа дека масовно ќе излезат на гласање, затоа што, како што велат, не сакаат нивната судбина да ја кројат “фантомски“ гласачи.
Во Хром, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, придружувана од кандидатките за пратеници Соња Мираковска и Љубица Буралиева, слушнаа дека граѓаните овде се чувствуваат лошо, како лошото време.
При посетите на повеќе домаќинства главно жителите се жалат на невработеност.
Со години чекаме вработување, но нема. Се вработуваат луѓе од нашата улица со партиска книшка, се отпуштаат набрзо од работа, и еве сега пак им ветуваат нешто. Луѓето ги притискаат постојано ветувајќи им нешто, таман ќе им се јави надеж и потоа излегува дека се е само залажување, отворено зборуваа луѓето овде.
Тие побараа од заменик претседателката да слушнат повеќе за новата Програма на СДСМ бидејќи, како што рекоа, телевизиите фаворизираат само една политичка партија во Македонија под чија контрола очигледно дека се.
Средбите со граѓани продолжија низ улиците и продавниците во населбата Ѓорче Петров. На дуќанџиите им беа презентирани мерките од Програмата што се однесуваат на мали семејни фирми.
СДСМ ќе инвестира во активни мерки за вработување на младите. Само на тој начин можеме да ги задржиме во Македонија. Тоа ќе биде новиот почеток што СДСМ им го нуди на македонските граѓани. Да се избориме за стабилна иднина, повика заменик претседателката Радмила Шекеринска.