11 мај, 2018
Најава-покана до медиумите:
Почитувани,
Ве известуваме дека НСДП на 13.05.2018 (недела), со почеток во 11 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе го одржи Четвртиот редовен Конгрес.
На Конгресот свое обраќање ќе има претседателот на НСДП, Тито Петковски.
На Конгресот ќе се избира Претседател на партијата, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор, а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.
На Конгресот ќе учестуваат 500 делегати од сите општински организации на партијата.
Покануваме новинари и сниматели/фотографи да го проследат настанот кој ќе биде од отворен карактер.