МУЗЕЈОТ НА ТЕТОВСКИОТ КРАЈ, СО КОЈ РАКОВОДИ СТОЈЧЕСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП ТЕТОВО, СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 4,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

13 декември, 2023

Музејот на Тетовскиот крај, со кој раководи директорот Миќо Стојчески, кој е претседател на НСДП Тетово, со инвестиција од 4,5 милиони денари, од крајно девастиран објект, доби современ лик, со обновени покривни конструкции, нова столарија, водоводни и канализациони мрежи со санитарни елементи, електроинсталатерски работи, санации на подни и зидни конструкции.


Министерката за култура Бисера Стојчевска Костадиновска со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, ја посетија оваа установа, значајна за градот и за Полошкиот регион која по реализацијата на проектот за рехабилитација, сега современ објект кој станува ново атрактивно место за реализација на културни содржини во Тетово.


Министерството за култура во континуитет се грижи за подобрување на условите за работа на установите од културата, и за поддршка на креативните идеи.
Програмите на националните установи, годинава се поддржани со над 14,5 милиони денари.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство