МИСОВСКИ ЗА ТВ 24: ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ РАСПИШАТ НА 14 ФЕВРУАРИ, А КАМПАЊАТА ПОЧНУВА НА 4 АПРИЛ

7 февруари, 2024

Таков е фолклорот во Македонија па оттука и случувањата во Алијанса на Албанците. Сепак, оптимист сум, тоа е парламентарна партија со 8 пратеници и ќе си ги разрешат проблемите внатре во партијата. Јас она што го знам како потпретседател на Собранието е дека сите се за проевропскиот пат на Македонија. Денеска на координација, координаторот на оваа пратеничка група рече дека нема да се одрази сето ова на понатамошната работа на Собранието. Пратениците ја разбираат состојбата во државата, вели потпретседателот на Собранието Горан Мисовски од НСДП во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Според Мисовски, ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет со која било од албанските партии затоа што секоја од политичките партии во албанскиот кампус е насочена кон евроинтеграцијата.

Сега следи еден период кога двата најголеми блока ќе лиферуваат различни анкети. Но, најголемата анкета е денот на изборите. Тоа се покажа и на локалните избори во Маврово-Ростуше, – вели Мисовски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ, доколку дојде во ситуација да формира влада иако нема таков капацитет, треба да каже кој е планот Б. Оти, вели Мисовски, Македонија нема друг избор освен да се движи кон ЕУ. Над 70 отсто од граѓаните се проевропски расположени и тоа се покажува во сите истражувања, додава Мисоовки и вели дека на средбите со европските политичари јасно било кажано дека нема план Б и дека нема менување на преговарачката рамка.

И Мицкоски и Ѓорѓиевски во текот на целата кампања ќе ги лажат граѓаните дека ќе дојде до промена на преговарачката рамка, но тоа нема да се случи, вели Мисовски.

Мисовски на прашањето дали овие избори ќе бидат референдум за европската иднина или ќе се заплашува грасачкото тело вели дека овие избори ќе бидат референдумско изјаснување дали Македонија сака да оди кон западните вредности, а Македонија има големи шанси во 2030 година да стане членка на ЕУ.

– Она што како обврска го имаме, а тоа го пишува и во скринингот, дека мора да се промени Уставот. За жал, ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснува по ова прашање доколку дојдат во ситуација да формираат влада. Ако се случи по изборите да се бара сценарио Б тогаш не знам дали ќе останеме во пакет со Албанија да ги продолжиме преговорите со ЕУ, вели Мисовски.

Мисовски за поранешниот претседател на Собранието и сегашен технички премиер вели дека е професионалец кој успешно го менаџираше Собранието, па неговите очекувања се дека успешно ќе ја менаџира и владата.

-Претседателот на Собранието информираше дека изборите ќе ги распише на 14 февруари. Во меѓувреме Собранието работи. До отпочнување на кампањата на 4 април Собранието ќе функционира, но според џентлменскиот договор нема да има говорење од говорница за да не се злоупотреби, вели Мисовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство