МИСОВСКИ ВО ОХРИД НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВА НА ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА НСДП

17 јуни, 2022

Претседателот на НСДП Горан Мисовски денес во Охрид оствари средба со дел раководствата на општински организации на НСДП од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Штип, Виница, како и дел од членовите на новоизбраниот Централен одбор на НСДП.

По завршувањето на Петтиот Конгрес на НСДП, отпочнуваат активности за реализација на програмските документи на НСДП, исто така и ветените активности на Мисовски во Програмата со која излезе да ја бара поддршката од делегатите на Конгресот.

НСДП како партија ќе биде блиска до граѓаните за да ги слуша нивните потреби за да креира и предлага јавни политики во интерес на граѓаните и во таа насока беше дадено ветување дека:

„Централниот одбор своите седници нема да ги одржува само во Скопје, туку во сите изборни региони ротационо, за да покажеме на јавноста дека НСДП е партија блиска до граѓаните и дека сакаме за важните политички теми да упатиме пораки и од внатрешноста на државата.“

Посетата на охридско-струшкиот регион беше искористена да се закаже локација за одржување на Првата конститутивна седница на Централниот одбор на НСДП, која ќе се оддржи на 25 и 26 јуни 2022 година во хотел ДРИМ во Струга и со ова се потврдува новата динамика и начин на делување на НСДП.

Раководството на НСДП ќе биде во директен контакт со граѓаните, ќе остварува теренски посети каде ќе ги слуша сугестиите и предлозите и ќе ги преточува во конкретни политики на локално и на државно ниво.

 

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство