Потпретседателот на Собранието и претседател на НСДП, Горан Мисовски во информативната програма на Слободен печат зборуваше за очекувањата од техничката влада и работата на новиот премиер Талат Џафери и новиот спикер на Собранието Јован Митрески, како и за очекувањата од претстојните избори.
фото : Слободан Ѓуриќ
Во однос на изборите и актуелниот рејтинг на партиите кажа дека анкетите во последните години и на последниот изборен циклус, се покажало дека не се баш точни, а според него, најточната анкета ќе се покаже на изборниот ден.
Тој изрази уверување дека граѓаните ги препознаваат политиките на Владата и парламентарното мнозинство и дека тоа ќе се покаже на изборниот ден.
Што се однесува до коалициите за изборите кажа дека неговата НСДП останува во коалиција со СДСМ и најави убедлива победа на проевропскиот блок на следните парламентарни избори закажани за 8 мај.
Тој додаде дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски преговара со сите партии што го подрржуваат европскиот пат на Македонија наспроти коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои, според него, сакаат статус кво. Говорејќи за односите во коалицијата, откри дека некогашниот коалициски партнер Павле Трајанов со демократскиот сојуза ја напуштил коалицијата само поради нерешени кадровски прашања.
Во однос на техничката влада и 100-те дена до избори, изрази убедување дека Талат Џафери ќе биде одличен премиер, како што бил и како претседател на Собранието, а Јован Митрески, пак, ќе биде одличен спикер.
Во однос на изборот за празното место на член на Државната изборна комисија, тој порача дека е потребно повеќе работа, а помалку пропаганда
Целото интервју, можете да го погледнете тука