Мисовски во Аеродром: Ќе продолжиме силно да чекориме на европскиот пат

4 јули, 2020

„Извесна е големата победа на коалицијата Можеме на 15 јули, поддршката која ја добиваме на секојдневните средби со граѓаните не уверува дека државата ќе продолжи силно да чекори по европскиот пат“, рече Горан Мисовски, потпретседател на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, при денешното делење на предизборен промотивен материјал на граѓаните од скопската општина Аеродром.

Мисовски нагласи дека политичките партии кои се дел од коалцијата „Можеме“ изминативе три години покажаа што значи одговорно водења на надворешната политика на државата.

„Ги одблокиравме евро-атланските интегративни процеси, Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, на чекор сме да го заокружиме овој процес и со полноправно челнство во ЕУ. Тоа се перспективи кои за граѓаните носат мир и стабилност, можности за раст и развој општеството, за поквалитетен живот на нас и на идните генерации. Ги поставуваме темелите на напредна и развиена Северна Македнија“, рече Мисовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство