6 јули, 2022
Посетата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во моменти во кои се прават значителни напори за деблокирање на процесот на евроинтеграции и за официјално отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ е особено важна, особено во фазата кога францускиот предлог влегува во собраниска процедура.
Средбата со координаторите ја реализиравме денес и имавме можност од прва рака да слушнеме охрабрувачки пораки разјаснување на нејасностите, не оставајќи простор за лажни вести и дезинформации. Отворениот разговор меѓу политичките чинители во државата е клучен за донесување на суштински важни одлуки.