3 октомври, 2025
Претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски, со потпретседателката Соња Мираковска, претседателот на НСДП-Кисела Вода и кандидат за советник во општината Зоран Георгиевски и Емил Николовски кандидат за советник во град Скопје присуствуваа на промоцијата на кандидатот за гадоначалник и советничката листа во Кисела Вода, како и промоција на Каја Шукова и советничката листа за град Скопје.

Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода: “Вечерва од срце зборував за нашата општина – за проблемите што ги гледаме секој ден, но и за надежта што ја носиме во себе. Јас сум ваш сосед, ваш сојузник, човек кој израснал овде и кој верува дека Кисела Вода може и мора подобро!

Во последните години видовме многу празни ветувања, но време е тоа да се смени. Не ветувам чуда, туку работа – чесна, одговорна и посветена.


Бесплатна партиципација за сите деца во градинките

70% субвенциониран оброк за учениците

Реновирани училишта и градинки

Чиста, зелена и здрава средина

Поддршка за младите, пензионерите и ранливите категории

Ова е наш момент! Не јас – туку ние!

Со интегритет, работа и љубов кон заедницата – ќе ја вратиме вербата во Кисела Вода.”

Да живее Кисела Вода!
