Мисовски: Изборот е за богатење на врхушката во ДПМНЕ или за економија која ќе даде шанси на младите

6 јули, 2020
„На 15 јули се наоѓате пред едноставен избор, помеѓу повисоки плати или богатење на неколкумина блиски до Груевски, помеѓу силна економија која ќе даде шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ“, порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, при денешната средба со граѓани на информативен штанд на коалицијата „Можеме“  во Драчево.
Мисовки истакна дека актуелното раководство на најбогатата партија во Европа се уште е во канџите на структурите од времето на Груевски.

„Граѓаните тоа го препознаваат, се прашуваат како може политичка партија да направи богатство од 60 милиони евра, имот чија вредност го надминува капиталот на илјадници македонски компании кои вложуваат, кои отвораат работни места, кои создаваат вредност“, рече Мисовски.

„На 15 јули ќе заврши играта која ВМРО-ДПМНE ја игра по нотите од Будимпешта, тоа ќе биде датумот на кој ќе се запечати сонот на Мицковски парите на граѓаните да завршуваат во Бели палати или приватни сметки“, рече Мисовски , притоа повикувајќи ги граѓаните гласот да го дадат за коалицијата „Можеме“, затоа што тоа ќе биде избор за развојна македонска економија која обезбедува шанси за сите, а особено за младите.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство