Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

3 декември, 2018

Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, од собраниската говорница им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и им рече дека пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, ја посрамотил партијата.

goran-misovski-sobranie

– Човекот ви ги украде парите и избега во Унгарија, од таму ви мафта со раката, а вие лајкови му ставете. „Вие таму издржите ја тука ќе уживам со вашите пари“, а срамот ќе го јаде ВМРО-ДПМНЕ – рече Мисовски зборувајќи на седницата за нацрт амандманите.

Тој рече дека Договорот со Грција е прифатлив за двете страни и дека со него се гарантира македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

-Ќе бидеме пишани во Обединетите Нации како единствена нација која го говори македонскиот јазик.  Целиот свет застана на наша страна, а го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ. Да говорите за тендери и злоупотреби на јавни функции треба да има интегритет – рече Мисовски реплицирајќи му на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Извор: ФОКУС

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство