Мисовски до Мицкоски: Дали има договор за ДУИ да се врати во Влада?

26 декември, 2024
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот Горан Мисовски од НСДП, го праша премиерот Христијан Мицкоски дали има договор ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ да се вратат во Влада.

„Дали подготвувате терен за да го вратите ДУИ во Владата? Дали намерно создавате тензија во државата и нарушена безбедност?“, праша Мисовски.

  • Господине Мицковски, се навршија 6 месеци откако ја формиравте владата и неколку пати најавувате дестабилизација на државата. Почнавте од вашето обраќање на Мечкин Камен па потоа уште неколку наврати при што уперувајќи го прстот кон ДУИ. Кога се случи инцидентот со косовската претседателка на аеродромот, веднаш изреагиравте дека само што не почнала дестабилизацијата на државата. После изјавите на ВЛЕН за формирање академија на Албанците паралелна на МАНУ, веднаш излеговте со теза за можна дестабилизација на државата. Имам чувство дека секогаш кога ќе се случи некоја непријатна ситуација дали е тоа во делот на несогласувања или постапки на коалицискиот партнер ВЛЕН или можеби неможност за справување со одредени проблеми во било која сфера, вие веднаш најавувате дестабилизација и секако тука ви е ДУИ како џокер. Прстот кон ДУИ и само што не почнала војна во Македонија. Така беше и со инцидентите кога се прославуваше албанското знаме. Така беше и со случувањата пред уставен суд а врзани за законот за употреба на јазиците. Таква тензија се направи, едните како нешто штитат а другите како нешто не даваат а само пред неколку денови во собранието се изгласа закон за двојазични лиценци за наставниците. Ако треба да препокриете некои постапки или како премиер сте ги направиле а не сте ги ветиле или сте ги ветиле дека ќе ги направите а не сте ги направиле, ете ги пак ДУИ. Знаете премиере тоа ми личи на едно време кога ВМРО и ДУИ во договор правеа вакви игранки ти мене јас тебе , работите ќе си течат а граѓаните ќе ги држиме под тензија, дека само што не почнала војна не дај боже… Нешто слично како во 2011-та кога се случи инцидент на скопското кале при изградба на црква музеј нарачана од министерството за култура и уривање на дел од објектот од страна на албански демонстранти. Полицијата ставаше лисици а заменик министерот за внатрешни од ДУИ ги вадеше. Иста слика со микс на различни актери. Пак ми мириса на договор како во минатото. Имате ли господине Мицковски договор со ДУИ?

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство