Мисовски: Да ја продолжиме борбата против остатоците на режимот на Груевски

30 јуни, 2020

Потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, Горан Мисовски денеска на плоштадот Македонија во Скопје, во рамки на своите предизборни активности, на промотивен штанд на коалцијата „Можеме“ подели промотивен материјал.

Контактите со граѓаните Мисовски ги искористи и за нивно запознавање со коалиционата предизборна програма, како и за упатување на политички пораки.

„Местото на кое се наоѓаме е симбол на успешната борба против режимот на Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ во рамки на „Скопје 2014“ овде сакаше да го реализира криминалниот проект за изградба на т.н. „Шпански скали“. Но ние покажавме што значи одговорно работење и вистинска броба против кримналот. Наместо уште еден кичерајски објекти од стиропор, граѓаните на плоштадот добија нова зелена површина“, порача Мисовски.

Мисовски ги повика граѓаните на 15 јули својот глас да го дадат за редниот број 3 за да продолжи битката против криминалот и корупцијата на остатоците од режимот на Груевски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство