Мисовски: Аџиев е класичен полтрон кого власта го наградува со нова функција

15 јануари, 2014
Дел од говор пренесен од порталот ПЛУСИНФО на Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија, на Координаторот на Пратеничката група на НСДП, Горан Мисовски: 
goran-misovski
Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски рече дека неговата партија не е против лустрацијата, но додаде дека таа треба да биде еден демократски и транспарентен процес, што не е случај во Македонија.
– Кои закони ги спроведуваше Томе Аџиев за повторно да биде претседател на комисијата? Аџиев е класичен полтрон кој работеше по наредба на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мисовски.
Тој реагираше и на тоа што Комисијата за верификација на фактите лустрирала и мртви луѓе.
-Со сета почит кон Славко Јаневски, на која функција требаше да дојде тој? Каков образец потпишал Славко Јаневски, за да го правите кодош? Но вас не ви е важно, кога треба нешто да се спинува во Република Македонија, не знам дали вие Димовски, или Мартин Протугер или лично Груевски, му се јавувате на Аџиев да прогласи за кодош некој од фиоката, без притоа да имате трунка морал – истакна Мисовски од НСДП.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство