Потпретседателката на НСДП и носителка од коалицијата „Можеме“ во изборната единица 4, Соња Мираковска вечера ги посети општините Неготино и Демир Капија каде имаше одвоени средби со граѓаните.
При посетата на Неготино, Мираковска на граѓаните од оваа општина им порача дека субвенциите кои веќе редовно се исплаќаат на земјоделците и лозарите не смеат да бидат повеќе предмет на предизборно пазарење.
„Тоа не смее да зависи од политиката затоа што тоа се нивни пари. Тие луѓе секој денар го заработуваат од сопствената пот. Тие сакаат предвидливост“, порача Мираковска.
На средбата со граѓание од Демир Капија, Мираковска истакна дека во насока на воспоставување на функционална и одржлива социјална држава една од активностите на идната Влада, формирна од коалицијата „Можеме“, ќе биде проектирање и отпочнување со изградба на 16 нови стамбени единици во оваа општина.