Мираковска претседаваше со работна група за следење на имплементацијата на Законот за матична евиденција

25 декември, 2024
Денеска новоформираната Работната група за следење на имплементацијата на Законот за матична евиденција при Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го одржа првиот состанок во овој мандат, а со работната група претседаваше пратеничката Соња Мираковска.
На состанокот покрај дел од членовите на работната група присуствуваа и претставници на МВР, Управата за матична евиденција, невладините организации Млади правници и Амбрела, УНИХЦР и УНИЦЕФ.
Се споделија информации за состојбата со лицата без документи.Очекуваме дека оваа соработка и координација следната година ќе резултира со решавање на сите случаи на лица без документи.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство