„Во Прилеп каде што имаме една вистинска градежна офанзива, владата предводена од СДСМ и коалицијата вложи огромни средства за yредување на индустриската зона. Завршена е изградбата на водоводот за целата зона, инвестиција која што изнесува приближно 50 милиони денари“, изјави Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изброна единица.
Мираковска истакна дека е при кај и изгадбата на внатрешната инфраструктура, односно улицата внатре во зоната, чија вредност е дополнителни 50 милиони денари.
„Во завршна фаза е изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, инвестиција во висина од 240.000.000 денари. Изградбата на оваа клучка, која го поврзува ТИРЗ „Прилеп“ со патната делница Прилеп – Битола, е од големо значење за пристапот до зоната, за ефикасен превоз на производите што се произведуваат во самите фабрики, како и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот“, рече Мираковска и дополни дека во моментот во зоната е реализирана инвестиција во вредност од 350 милиони денари.