Мираковска на средби со граѓани во Могила и Новаци

25 јуни, 2020

Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП во теренска кампања и средби со граѓаните во повеќе населени места во општините Могила и Новаци во И.Е4

●Денес бевме во посета на едно младо семејство во социјален ризик, од Беранци во општина Могила, кое е без егзистенција и не може да оствари социјална помош.

●За жал се уште имаме вакви случаи и ќе мораме да ги решаваме институционално. Хуманитарната помош од храна и облека не е доволна за едно такво младо семејство.

●Имавме чест да ги информираме на граѓаните во населеното место Могила дека ќе се гради детска градинка за која имаме готова проектна документација од Општина Могила.

●Улици во сите населени места преку министерство за транспорт и врски во вредност од 600.000 евра.

●Водовод 57 милиони денари во 8 населени места: Беранци, Д. Српци, Вашарејца, Новоселани, Лознани, Ивањевци, Трновци и Подино.

●Преку АД ЕСМ ќе го изградиме топлификациски систем за Битола, Могила и Новаци за јавните објекти во градот, што значајно ќе го намали загадувањето, а корисниците ќе добијат чист и евтин начин на затоплување.

●Изградба на нови системи за наводнување беше и ќе биде еден од приоритетите во нашиот нов мандат.

●Изградба на брана на река Елешка во населеното место Гермијан, општина Новаци ќе овозможи извонреден предуслов за развој на земјоделството, сточарството и произвотството на здрава храна.

●Покрај топлификацијата на населеното место Новаци , планирана е и изградба на секундарна вреловодна мрежа со приклучоци низ населено место Новаци.

#Можеме #СДСМ #НСДП

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство