Мираковска: Изградба на нов клинички центар во Скопје и три регионални центри

4 јули, 2020

Во следниот четиригодишен мандат почнуваме со изградба на нов клинички центар во Скопје и три региоанални центри во Струмица, Тетово и Охрид, што ќе значи достапно здравство за сите“, вели Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.

Мираковска истакнува дека во периодот на пандемијата со корона вирусот се докажа дека знаеме да го чуваме здравствениот систем, да се одговори на предизвикот.

„Само во овој период инвестиравме над 33 милиони евра во системот за интензивна нега. За граѓаните мора да обезбедиме сигурно здравство, мораме да обезбедиме мрежата да биде функционална, тоа значи значи помош во сите делови на здравствениот систем, да биде обезбедена целата здравствена мрежа, има потреба од нови специјализанти, ти ќе бидат поддржани од идната влада, ќе бидат субвенционирани за престојот ве центрите каде што ќе специјализираат“, рече Мираковска, нагласувајќи дека целта е непополнетите капацитети во малите болници и градови да се доведат на целосно функционално ниво за испорачување на соодветен одговор на потребите на граѓаните.

Мираковска истакнува дека ќе се намали времето кое и е потребно на брзата помош да пристигне по добиениот повик, за руралните средини ќе биде 25 минути, а за градските 10 минути, што ќе биде значајно за спасување на нови човечки животи.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство