Министерката Апостолска: Со конкретни инфраструктурни проекти отвораме потенцијали за нови инвестиции и раст на компаниите

1 август, 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес реализираше работна посета на компанијата „ВМЦ Македонија“ во индустриската зона Желино, Тетово, во која е инвестирано италијански и домашен капитал. Компанијата се занимава со производство на бетонски елементи и бетонска галантерија кои наоѓаат широка примена во реализација на инфраструктурни и комунални проекти.

Министерката Апостолска на средбата со менаџментот на компанијата истакна дека Владата во делот на економските политики, освен што нуди директна поддршка за реализација на инвестиции од страна на домашни и странски компании, инфраструктурниот развој на земјата го препознава како значаен фактор кој влијае на конкурентоста на целокупното стопанство.

„Со посветена работа и стимулативни политки успеавме економијата да ја стабилизираме, во првиот квартал се забележа раст на БДП од 4,1%, бруто инвестициите пораснаа за 9,9%, што зборува за реални позитивни трендови во стопанството. Создаваме економија базирана на реалниот бизнис, која што дава шанси за сите. Потенцијалите за нови инвестиции и раст на комапниите се отвораат и со големиот број на инфраструткурни проекти кои се реализираат и планираат да се реализираат. Со конкретни проекти во делот на патната и железничката инфраструткура, енергетиката, земјоделството и руралниот развој, заштитата и унапредувањето на животната средина, здравството и образованието, и уште во многу други области, очекуваме да се отвори инвестициски циклус од над 5 милијарди евра, што ќе значи зголемување на конкурентноста и отворање на дополнителна мотивација на компаниите за влегување во нови продуктивни инвестиции“, потенцираше министерката Апостолска.

Паоло Микелето, управител на компанијата, ја информираше министерката Апостолска дека компанијата води политика на континуирано инвестирање, при што се посветува големо внимание на тековно подобрување на производите и процесите, за што целокупното производство е во согласност со европските норми UNI-EN и секој поединечен производ има сертификат за потекло CE.

Пред претставниците на компанијата беа претставени и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и неговите измени, при што од нивна страна беше препознаена мотивација и можност годинава да аплицираат за финансиска поддршка за реализираните инвестиции во 2018 година.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство