Домаќинското работење во општина Ранковце вродува со резултати кои се гледаат преку изградената патна и водоводна инфраструктура во првата година од владеењето на НСДП и СДСМ, изјавува советникот во општина Ранковце од НСДП, Мики Милковски
Асфалтирани уличките во центарот на Ранковце над амбулантата и школото 850м;
Асфалтиран пат во маала Давидовци, село Отошница 1000м;
Асфалтиран пат во село Гиновци кај „МИ-ВА ГРАДБА“ 450м;
Асфалтиран дел од пат, поврзување село Гиновци-село Милутинце 1100м;
Асфалтиран пат во село Петралица кај ТРАФОСТАНИЦАТА 400м;
Асфалтиран дел од пат, поврзување населба Петралица-црква „Св.Ѓорѓија“ 700м;
Асфаалтиран пат (во тек е асфалтирањето) во село Псача, Ѓоринска Мала 800м;
Тампониран пат старо школо-Дамјанско маало-ново школо во село Псача 2500м;
Нов водовод во Недељково мааало 800м;
Нов водовод во маало Бабунци во село Опила 450м;
Прочистување на пат во село Гулинци 5000 метри;
Прочистување на патови во село Отошница 2500м;
Прочистување на пат во село Герман, Средно маало и Криврт 9000м;
Прочистување на вади за наводнување во село Псача, Петралица и Гиновци 4000м.
Може нешто сум испуштил, ама и ова е доволно!
Е заради вакво домаќинско работење и вложување на секој народен денар во вакви зафати граѓаните на Ранковце прават разлика, што е чесно и одговорно владеење, а што е апашко-профитерско!
Градоначалникот Момчило Алексовски и советниците од СДСМ и НСДП, и покрај сите притисоци и уцени, ќе се борат со поголем мотив и посветеност за развојот на оваа мала општина.
НА 13-ТИ АПРИЛ РАНКОВЦЕ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ГО КАЗНУВА РАСИПОКУЌНИШТВОТО И КРИМИНАЛОТ!
РАНКОВЦЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА ПРОМЕНИ, ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, НОВИ ПРАТЕНИЦИ И НОВА ВЛАДА!