МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

16 мај, 2019

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Весел Мемеди и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, замениците на генералниот секретар, Мики Милковски и Маријана Кацарска, остварија средба со новиот претседател на НДИ од Вашингтон, Дерек Мичел, во придружба на Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ за Централна Источна Европа и претставници на НДИ. Во фокусот на разговорите беше 10-годишниот проект меѓу Собранието и НДИ, кој има за цел да ја зајакне независноста на законовниот дом.

Претседателот на НДИ Вашингтон Мичел од своја страна ја потенцираше посветеноста на напредокот на нашата земја, определувајќи ги наредните две години како клучни за развојот на овдешната демократија. Различните партии мораат да работат заедно, исправени пред предизвикот, а Парламентот мора да остане посветен на граѓаните, рече Мичел. Исто така, тој информираше дека попладнево ќе го потпишат договорот за грантот со Швајцарците.

Регионалниот директор Бенџамин ја истакна улогата на Парламентот како основа на демократијата. „Силен Парламент, значи силна демократија“, рече Бенџамин. Притоа, тој ја изрази подготвеноста и посветеноста на тимот за работа и во тој контекст рече: „Ова е ваш проект, а ние сме во ваша служба“.

Од НДИ беше покажан интерес за односите меѓу Собранието и граѓанското општество и во таа насока потпретседателот Мемеди рече дека оваа релација е добра, но не е доволна. Собранието работи за граѓаните, но ефектот од работата не е доволно промовиран, со оглед на тоа што Парламентот нема своја телевизиска станица, свои финансиски средства и лице задолжено за односи со јавноста. Токму затоа, треба да се искористат можностите што ги нуди Проектот.

Повеќе на следниот линк:
https://www.sobranie.mk/2016-2020-srm-ns_article-desetgodishen-proekt-megju-sobranieto-i-ndi-za-nezavisnost-na-zakonovniot-dom.nspx

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство