МИЛКОВСКИ НА МААЛСКИ СРЕДБИ ВО КУМАНОВО, ЗА ДВОЈНА ПОБЕДА НА ЕВРОПСКАТА КОАЛИЦИЈА

21 април, 2024

Милковски на две маалски средби.
Заедно со граѓаните од Панче Пешев и Долно Којнаре се согласивме дека го одредуваме патот кон иднината, дали кон ЕУ или кон неизвесност. Сите заедно да бидеме на висина на задачата, да го одржиме заветот од нашите предци и да ја исполниме одговорноста кон идните поколенија.

Во 2016 година имавме програма која ја понудивме на граѓаните, а беше креирана од граѓанитем, со решенија за нивните реални проблеми. Воведовме систем на повраток на данок на додадена вредност, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме ефтината тарифа на струја, имаме миниална плата од 22.500 денари и просечна плата од 600 евра.


Тоа е основата и за новата програма со луѓе кои имаат кредибилитет да ја реализираат со нови економски мерки за подигнување на стандардот на граѓаните. Во програмата за европска иднина имаме минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, имаме систем на двојно усогласување на пензиите во јануари и јуни, имаме новогодишен пакет за пензионери од 100 евра, имаме енергетски пакет за сите приматели на пониска пензија од 1500 денари од октомври до март и многу други мерки кои гарантираат подобар животен стандард.


Имаме седум кандидати за претседател, но само еден е вистинскиот избори, тоа е нашиот претседател Стево. Од другите шест кандидати не може да се состави еден асален претседател!

Лицето на режимот повторно сака да се воспостави како власт, тоа е евидентно од случајот со новинарот Фуркан Салиу! Нема да дозволиме повторно враѓање на режимот, на 24ти април и на 8ми мај победата ќе ја однесе СДСМ и коалицијата за европска иднина.


НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство