Драмолетката надградена и проширена, лагите се множат, државата тивко умира

10 март, 2013
mikinsdp (1)Веб-колумна на Мики Милковски член на Извршниот одбор на НСДП

Македонското секојдневие е драмолетка во многу продолженија! Се повеќе слушаме или лаги, или трагични човечки судбини, просто пушти телевизија и ќе те збрлават, не знаеш што е што, Македонија дефинитивно живее во два света и се потешко е дека во блиска иднина ќе може да се направи спојка, веќе не остана ништо заедничко. Ставовите за минатото, погледите и оценките на реалноста, визиите за иднината се толку различни што во догледна иднина не верувам дека ќе може да се доближат. Моралот и вредностите се на пониско ниво од било кога, не сум далеку од размислувањето дека пропаѓаме во секоја смисла. Се е сведено на “дај ми-нати”, пазарење за се, без ни малку да се остави простор за општеството да дише, се е затруено со правот што паѓа од отровните стрели и до кога вака? Македонија е во прашање!Просто се чудам како некои луѓе немаат визија за геополитичките збиднувања, и за внатрешните турбулентни процеси во македонското мултиетничко општество, за никогаш покревките односи меѓу двете најголеми етнички заедници, за економското пропаѓање. Државата ја водат ДПМНЕ и ДУИ и неизбежно е да се повикам на нив, затоа што нели “демократија” сме, мнозинството одлучува, “сакале-не сакале” тие управуваат со нашето секојдневие, со нашите судбини, и на тие што ги подржуваат и на тие што се против. Грујо дојде како економски реформатор, технократ кој нели ќе воведеше ред во државата, ќе создадеше услови за економски бум, раст од 8% итн. итн. ветувања надградени проширени, препроширени, проекти секој ден, Македонија за малку чудо на Балканот! Се сеќавате бевме лидери на Балканот, Бугарија увезуваше пченица од кај нас, им се смеевме биле сиромашни, вакви-такви, сега членка на НАТО и ЕУ, Хрватска заглавена во корупција и криминал, сега членка на НАТО за некој месец и во ЕУ, Албанија членка на НАТО, Црна Гора не ни беше држава, сега ке отвори преговори со ЕУ…Каде сме ние? Реформаторот, до толку не реформираше, што не можеме да се освестиме колку ни е убаво, па и спотови ни снима со наши пари да ни каже колку ни е убаво. Доволни сме си самите, можеме и без ЕУ и НАТО според тоа што практично го прават, а не според она што го зборат. Економскиот преродбеник и реформатор стана манипулатор и преварант.МАНИПУЛАЦИЈА 1

swedmilk_grujo.jpg

Бидејќи сум од селско земјоделско семејство не можам да го премолчам “СВЕДМИЛК”. Ја најавија како најмодерна млекара, снимаа спотови, се фалеа дека го решиле проблемот со откупот на млеко, па дури Грујо зема чаша и пиеше јогурт и им порача на сточарите: „Ова е вашата иднина, земете кредити, купете крави, инвестирајте, ова е сигурна инвестиција“. Тогаш политичар со најголем рејтинг, луѓето му поверуваа, замаа кредити, инвестираа и одеднаш пропадна млекарата, луѓето останаа затечени, избезумени, изманипулирани, а Грујо се однесуваше како онаа српската „ЈА НИСАМ ОДАВДЕ“, тоа било приватна инвестиција, тој не можел да се меша, види мајката, а можеше да снима спотови и да ги повикува луѓето да земаат кредити, изборите поминаа, после тоа не е битно, нека се снаоѓаат сами. ЖАЛНО!
МАНИПУЛАЦИЈА 2
Се сеќавате на оној Тексашанецот од САД кој дојде да ни каже како нашава земја била погодна за развој на сточарството, па заедно со шешири одеа со Грујо да гледаат пасишта и нормално пред камерите да упатат порака како Македонија има да биде како Тексас. Стада говеда, фарми, ранчери, чуда се какo во вестерн филмовите, ама за пред камера за манипулација. Тексашанецот отиде, Грујо се пофали пред камери, на крај ништо од бизнисот, само за сликање било!

grujo_sesir.jpg

МАНИПУЛАЦИЈА 3
Овие промоторите на “земјата економско чудо на Балканот” на Грујо му го најдоа Субрата Рој, судски докажан преварант на 30 милиони граѓани во Индија. Пуленот на македонскиот премиер индискиот милијардер Субрата Рој да ти бил криминалец во сопствената земја, Врховниот суд на Индија го осудил Субрата Рој поради неговите финансиски малверзации.Тој сега морал да им врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени граѓани.
subrati.jpg

Премиерот Никола Груевски, министрите Зоран Ставрески и Бил Павлевски и директорот на слободните зони Виктор Мизо во почетокот на март годинава беа во Индија. Во мај дојде Рој, беше свечено пречекан, со министерот Ставрески одржа и прес конференција, а потоа тој отвори и фирма во Македонија „Сахара глобал ком“ и најави дека ќе направи Лас Вегас во Македонија и многу други инвестиции. Се изнасликаа, прес-конференции, приеми најава на страшни суми на инвестиции, а тој заглавен во корупција и криминали, не за џабе рекле дека луѓето си се пронаоѓаат, овој преварил и излажал 30 милиони, нашиов 440 илјади, значи на иста линија се, може да има соработка!

МАНИПУЛАЦИЈА 4
prifativ_promena.jpg
Името не го даваат! Ама во Букурешт во 2008 година отидоа со став дека Република Македонија (Скопје) е прифатливо! Дознавме дека Грујо бил бескомпромисен за на домашен терен, а во странство се ќе даде! Тука продава магла, ќути и се крие како што рече амбасадорот во Брисел, а тогаш се согласил на промена!
ekonomija-osum_milijardi.jpg
Ама со ветени, веднаш по Букурешт, 8 милијарди евра во инфраструктура и енергетски капацитети бум ќе правеше, заборавија граѓаните дека ги предал патриотот! Седум тендери пропаднаа за Чебрен и Галиште, автопат нели не им треба на граѓаните, тие не се движат, не патуваат си гледаат турски серии и уживаат во сивилото на живеачката.Значи се се прави да се одржува рејтингот, дури и со оние од МПЦ-ОА ќе се фрлаат лопати за цркви и споменици, ќе се напаѓа се од Трст до Владивосток, ама битно е Грујо да се потпише за градбата, да се слика. Се сеќавате некогаш МПЦ да организирала некоја хуманитарна акција, да помогнала на некој човек? Христијанството нели укажува на скромност, почитување, обединување, помагање, а не на џипови од по 100 000 евра и политички говори во функција на одржување на рејтингот на реформаторот!

Многу логично е кога веќе власта влегува во крајот реално на вториот мандат (7 години) се што реализирале, се што направиле, сите политики проекти да дадат краен ефект-ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ! Го имаме ли тоа? Јас мислам НЕ. А што имаме? Имаме повисоки сметки, повисоки цени во маркетите, платите реално немаат иста вредност како во 2006, во џебот може има исто банкноти, ама со нив помалку се полни корпата! Значи политиките не биле како што треба, манипулативната политика полека ќе се разобличува, ама полека, како што граѓаните ќе се освестуваат дека џебот станува поплиток, потенок.Ама ова веќе никого не го занима, сега е битката кој е поголем патриот Грујо или Ахмети, овој како се бори за права на бранители, овие пак не дозволуваат, блокираат со запалки, со 15 000 амандмани, со молчење, очигледно ја погребуваат судбината и на Македонците, и на Албанците и останатите. Во 2011 кога ДУИ бирале меѓу Закон за згрижување на семејствата на борците на ОНА и Закон за амнестија на раководството на ОНА (читај ДУИ), нормално второво го избрале. Наместо да ги решаваат реалните проблеми, тие фингираат, манипулираат си играат мајтап со народот, а се потешко живееме, некако ми изгледа дека дното нема дно, мислам дека сме во слободен пад, а ќе нема на што да паднеме. Подлогата ја уништија. Подлогата е државата како систем, кој не функционира, изопачен, извртен, без вредносен и морален систем! Во Македонија владее чувството на бесперспективност! Не може да се сретне човек кој верува во државата и дека реално ќе се промени нешто на добро!Манипулациите, како неколкуте што ги набројав, потпалувањето на етничките конфликти, лагите, неможноста да се види светла перспектива во догледна иднина ги принуди младите да си го бараат чарето надвор, со интенција да си останат таму, и да си ги повлечат блиските. Tака и другарчето, член на ДПМНЕ, кое пред недела дена замина во Лондон, му се јавивме и се снашол одма, пере коли ама има 45 фунти дневница, во сабота дупла дневница…и уште многу вакви примери, за жал! Младите ја напуштаат Македонија, тоа е факт, сакал некој да го признае или не. Еден податок ќе споделам во 2006 година во Македонија имало 232 000 ученици во основни и средни училиста, а сега во 2012 се 198 000, поразителен показател! Демографски тонеме! Ни “трето дете” не помага, треба инвестиции во стопанството, реални економски реформи, а не споменици од пола милијарда евра, со тенденција која не престанува.

Ако на сето ова ја додадеме и вчерашната средба на министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција и Романија, поврзано со средбата на Николиќ и Папуљас, па и преговорите на Дачич и Тачи за косовското прашање, најавата на Ахмети (го третирам како странски фактор затоа што сега нели иде по Швајцатија, Италија, Германија и упатува пораки од дијаспората) за домино ефект во случај на поделба на Косово, некако ми изгледа дека на Македонија црно и се пишува, се екипираат за конечната битка против нас. Чудни работи ќе се случуваат на 100 годишнината од Букурешкиот договор…останува да видиме!

Внатрешно поделени, економски на дното, бесперспективни, завиени во маглата која ја сее власта, некако не ги гледаме овие загрижувачки комбинации.

Мики Милковски,
Член на Извршниот одбор на НСДП

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство