Веруваме дека МВР неможеше да избере поубаво и посоодветно име за акцијата „ЛЕПАК“ за шверц на стока преку граничниот премин Ново Село, во која беа притворени функционери и блиски роднини на функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Акцијата „ЛЕПАК“ на МВР потврдува дека Царинската управа и Агенцијата за финансиско разузнавање немаат поима за одливот на пари од Македонија.
Обидот за изнесување од државата на 750 илјади евра во шише, шверцот на муниција за оружје од страна на градоначалници, шверцот на покер апарати од страна на блиски соработници и роднини на функционери од „ЛЕПАК ПАРТИЈАТА“ потврдуваат дека организираниот криминал и финансиските малаверзации стануваат секојдневие на високите структури од владеачката гарнитура, а со поимот „лепак“ најдобро се отсликува алчноста и високиот степен на корумпираност на функционерите од „ЛЕПАК ПАРТИЈАТА“.
Ја прашуваме владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ дали после акцијата „ЛЕПАК“ ќе следи акција „ЛЕПАК 2“ за изнесувањето на милиони евра во Грција преку сомнителни трансакции од сомнителниот тендер за изградба на автопатот Смоквица-Демир Капија?
11 март, 2014
Соопштение за медиуми и јавноста: