23 февруари, 2016
Локалниот клуб на Нова социјалдемократска младина Прилеп под мотото „ДАДЕТЕ ПОДАРОК ЖИВОТ, ДОНИРАЈ КРВ“ традиционално ја организираше 5-тата по ред крводарителска акција во соработка со Црвен крст Прилеп и Центарот за трансфузиона медицина Битола .
Да се биде хуман значи да се покаже грижа за другите. Младите на ОО НСДП Прилеп се обединија со заедничка цел да и служат на хуманоста како една од најголемите човечки вредности.