Котески: Попусто правите два митинга, Битола е за Стево Пендаровски

10 април, 2014

Потсетувајќи дека веќе пет месеци власта во Битола не одговорила на што се потрошени 2,7 милиони евра, Благојче Котески, член на Советот на општина Битола од редовите на НСДП, на локалната и на централната власт им порача дека Битола покажала оти е за Стево Пендаровски, бидејќи првиот митинг на Ѓорге Иванов во Битола минал катастрофално, а сега власта прави нов.

koteski_sovetnik_bitola

Битолчани бараат вистински отчет. Се расфрлиле со скапи печатени брошури во кои стои дека даваат ваков или таков отчет.

Ама отчет никако да дадат. Веќе 5 месеци ги прашуваме каде отидоа 2.7 милиони евра општински пари. Пари потрошени само на 15 ставки.Ги повикуваме да дадат отчет, најодговорните, екс претседавачот на совет на Општина Битола сега кандидат за пратеник, сегашниот претседавач на совет на Општина Битола, сега кандидат за пратеник, претседателот на ДПМНЕ за Битола, сега кандидат за пратеник.

Ама отчет нема! Па и не треба да Ве чуди тоа што на првиот промотивен митинг поминавте катастрофално. И покрај безбројните автобуси се соочивте со фактот дека Битола е за Стево! Битолчани повеќе не ви веруваат!
Па затоа денес, по директна наредба на Груевски сакате да си го повторите митингот. Велат повторувањето е мајка на знаењето! Ама Вие никако да научите! А веќе е јасно дека Битола е за промени, Битола е за Стево Пендаровски!
Првата порака од битолчани ја добивте на првиот митинг, денес битолчани ќе Ви ја испорачаат втората порака а в недела ќе ја добиете и сметката од Битола и од Македонија.
Битолчани и Македонија в недела ќе гласаат за Стево Пендаровски!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство