12 март, 2014
Прес-конференција на претседателот на ОО на НСДП-Битола и советник во општина Битола, г-дин Благојче Котески:
Почитувани
Веќе 9-та година ДПМНЕ упорно игра на меморијата на луѓето во Македонија и Битола.
На утрешната седница на Советот на Општина Битола на Дневен ред имаме
1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за четвртиот квартал од 2013 година.
2.Завршна сметка на Буџетот на Општината Битола за 2013 година.
Се поставува логичното прашање, како власта планира да разговараме за последниот четвртиот квартал на Буџетот кога немаме добиено информација за тоа како се потрошени буџетските, нашите народни пари за третиот квартал?
Дали ќе продолжиме да го играме нивното воспоставено правило на ставање на работите под тепих и да работиме на заборавање на работите или ќе даваме одговор на вистинските прашања?
На седницата на Комисијата за контрола на материјално-финансиското работење свикана на ден 19.11.2013 г. од страна на претседателот Николче Јанкуловски, не ни беше дозволено преку Kомисијата до општинската администрација да побараме информација за материјално финансиското работење на Општината.
Ни тогаш ни денес четири месеци потоа, не е јасно каде се потрошени 2,7 милиони евра општински.
За жал, пред седницата а и на самата седница на Советот не добивме одговор на овие прашања.
Затоа е логички се поставуваат прашањата:
-Чие интереси тука штити претседателот на Комисијата, г-динот Николче Јанкуловски, мнозинството во Советот на Општина Битола, самиот општиноначалник Талески?
-Дали со ваквиот пристап во работата се штитат интересите на граѓаните на Општина Битола кои му го дале мандатот, или штитат нечии други повисоки интереси?
Како резиме, овде станува збор за 2.7 милиони евра државни или подобро речено наши општински пари за кои не знаеме на која сметка и за која намена се потрошени.
Само како потсетување Тендерот на новинарката Ивона од Сител кој ја здрма цела македонска јавност тежеше околу 1 милион евра.
Оваа манимулација со општински пари тежи 2.7 пати повеќе.
Каде ја гледаат разрешницата на оваа афера?
Народот ги бара одговорите!
)