КОТЕСКИ: Битола е на колена

16 април, 2014

Прес-конференција на Благојче Котески, советник од НСДП во Советот на Општина Битола

blagojde april 2014

После 9 години власт на локално ниво и 8 години власт на централно ниво невработеноста кај младата популација во Битола на возраст до 30 години, надминува над 40 %.

Каде се ветените 8 милијарди евра во инвестиции? Каде се 5-те илјади ветени вработувања за Битола? За што ДПМНЕ во Битола, потроши повеќе од 200 милиони евра во овие девет години?!

Битолчани знаат дека денес Битола е на колена. Од некогашен економски центар, втор град во Македонија, денес Битола е економски мртов и социјално опустошен град.

Некогаш нашата чаршија имаше живот. Денес е место на затворени дуќани со спуштени ќепенци.

Исчезнуваат традиционалните занаети, исчезнува трговијата на мало и големо, секојдневно исчезнуваат малите и средни бизниси кои во секоја држава се најголемите работодавачи.

Под притисокот на секојдневните казни, казни кон локалните бизниси и бизнисмени, казни кон опозицијата, казни кон медиумите и кон сите оние кои сакаат гласно да размислуваат поинаку, со зголемените давачки и даноци, властасистематски ја гасне економијата во градот,а младата и средна генерација масовно се иселува.

Тажни, осиромашени и безнадежни се лицата на нашите сограѓани. Битолчани се се’ посиромашни, додекавласта, е се’ побогата, и со се’поголем имот и секако со деца вработени во државни институции.

Денес платите во Битола и во Македонија се како во Бангладеш а цените како во Париз.

Затоа Битола се буди. Затоа, денеска на Битола и Македонија како никогаш досега и се потребни промени!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство