26 декември, 2023
За прв пат доделени социјални станови во Неготино.
“Во изминатиот период многупати бевме дел од ваков чин на распределба, и секогаш одново успеваме да добиеме потврда на нашите заложби навреме да ги слушнеме и да ги задоволиме потребите на најранливите граѓани” – изјави Генералниот директор на АДИССДП и член на Извршниот одбор на НСДП – Нова социјалдемократска партија Зоран Ѓоргијев во присуство на Премиерот Ковачевски и Министерот за транспорт и врски Бочварски.
Премиерот Ковачевски најави дека наскоро социјални станови ќе добијат и граѓаните во Велес, Бутел, Дебар и Кочани.“ Распределбата на социјални станови ја одразува нашата посветеност на поттикнување на инклузивни заедници и обезбедување на стабилност за ранливите категории на граѓани’’ нагласи Премиерот.
Според Министерот Бочварски, во целиот овој период се вложени огромни напори да им се помогне на општините, на граѓаните, и особено на ранливите семејства кои својата надеж за подобар живот ја гледаат во проектите каков што е овој – изградба на социјални станови.