ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИТЕ НА МАЈА СТОЈКОВСКА ПРЕТСЕДСТЕЛКАТА НА НСДП-ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И СОВЕТНИЧКА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

22 февруари, 2024

Поднесена предлог одлука за стопирање на издавање на одобренија за градба од ДУП СЗ16 – Ѓорче Петров

Градоначалник Александар Стојкоски, јавно ве повикуваме и вас и вашата советничка група од ДПМНЕ да ја поддржите оваа иницијатива и да покажете дека работите во интерес на сите наши граѓани. Во спротивно, доколку не ја поддржите оваа иницијатива, ќе покажете дека работите за туѓи интереси или за интересите на урбаната мафија!

Градоначалникот Стојкоски и советниците од ДПМНЕ на криминален и шверцерски начин со злоупотреба на деловникот и законот, донесоа ДУП кој ја БЕТОНИЗИРА општина Ѓорче Петров.
Усвоениот урбанистички план предвидува повеќе од 30 згради, дел од нив со висина и до 65 метри. Со овој ДУП ќе се изградат над 240 илјади метри квадратни во станбен простор или околу 4000 нови станови и ќе се доселат повеќе од 10 илјади нови жители во нашата општина.
Дополнително, овој ДУП предвидува изградба на 2 нови објекти од хемиската индустрија, кои ќе продуцираат влезни и излезни субстанции ризични по здравјето на граѓаните на нашата општина.

Од таа причина, денес, ние, советниците од редовите на СДСМ, НСДП и Левица а согласно правото кое ни е овозможено со статутот на општина Ѓорче Петров и член 63 од законот за локална самоуправа поднесовме барање до претседателот на советот на општина ЃП за свикување на трета вонредна седница со една и единствена точка на дневен ред а тоа е донесување на Предлог-одлука за суспендирање на делови од ДУПОТ СЗ 16 донесен на втора вонредна седница спротивно на сите законски прописи од страна на Советниците на ДПМНЕ.

Целата изјава може да ја погледнете на следниот линк

https://www.facebook.com/nsdp2005/videos/3564532483862388

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство