Со почитување на сите мерки и протоколи за заштита и спречување на ширењето на КОВИД 19, општинската организација на НСДП од општина Карпош денес во Скопје одржа изборна конференција на која беа избрани нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор, како и нов претседател.
За нов претседател на општинакста организације е избран Александар Бошковски, кој во своето обраќање пред делегатите на конференцијата рече дека со новото раководство општинската огранизација на НСДП активно ќе се вклучи во локалниот политички живот и подготвени ќе ги дочекаат локалните избори, кои воедно ги гледа и како шанса за зајакнување на учеството на партијата во раководните институции на оваа општина.
Членот на Извршиот одбор на НСДП, Мики Милковски, уптаувајќи честитки на ново избраното раководство пред делегатите на конференцијата порача дека НСДП уште од своето формирање во 2005 активно гради атмосфера во која секој добива шанса своите лични квалитети да ги надоградува и развива, да ги афирмира и стави во функција за унапредување и подобрување на животот во локалните заедници, општините, или пак на национално ниво.
Организацискиот секретар на партијата, Кристијан Трајковски, пред делегатите изрази задоволство што општинската организација на НСДП засилена со нови членови добива мотивирано раководство, полно со политички ентузијазам да се бори за своите идеи и визии, притоа дополнувајќи дека на тој начин активо се допринесува за понатамошен развој и зацврстување на партијата на политичката сцена во Северна Македонија.
Преку писмо честитки за изборот на новото раководство упати и претседателот на партијата Тито Петковски, во кое, помеѓу другото, се вели „постои и едно мое лично искуство што дополнително го нагласува моето задоволство од денешниот избор на новите раководните органи на оваа општинска организација, а тоа е што јас сум еден од основачите на општина Карпош, една од најразвиените и нај урбани скопски општини. Тоа ми создава емотивна врска кон оваа општина, благонаклоност и посебна радост кога како лидер на НСДП добиваме општинска организација со нови и мотивирани членови, полни со политички ентузијазам“.