30 мај, 2015
На ден 28 мај 2015 година со почеток во 19 часот во хотел Континентал се одржа Изборна конференција на општинската организација на НСДП во Гази Баба.
На Конференцијата беа избрани нов Претседател, Извршен и Надзорен одбор на ОО на НСДП Гази Баба.
За претседател на општинската организација е избран актуелниот советник од НСДП во Советот на општина Гази Баба, г-дин Ѓоре Стојковски.
На Конференцијата присувствуваше претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски, кој им се обрати на присутните делегати.