Избраните и именувани лица од НСДП од своите плати ќе донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

30 април, 2020

Соопштение за медиумите и јавноста:

Имајќи ја во предвид одлуката на Уставниот суд со која се отвори постапка за оценување на уставноста и законитоста на владината Уредба со која се предвидува намалување на висината на платите на 14.500 денари на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор, ја информираме јавноста дека сите избрани и именува лица кои доаѓааат од редовите на НСДП ќе постапат согласно содржината на оваа уредба и остатокот од своите плати за месеците април и мај ќе ги донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19 и на тој начин дирекно ќе се вклучат во насочување на финансиски средства за справување со последиците од корона вирусот.

Во овие тешки моменти пред кои се исправени граѓаните наметнуваат морален императив за солидарност од сите во справувањето со последиците од пандемијата на корона вирусот.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство