ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА НСДП КУМАНОВО

16 февруари, 2024

На конференцијата присуствуваа 50 делегатки кои ја избраа Соња Радојковиќ за претседателка на Општинската организацијата на жените на НСДП Куманово, а избран беше и Извршен одбор на ООЖ.

На Конференцијата присуствуваа претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски, генералниот секретар Мики Милковски, потпретседателките Соња Мираковска и Јулијана Цековска, потпретседателот од Куманово, Зоран Маневски и меѓународниот секретар на НСДП, Марјан Дамјановски.


Свои обраќана пред присутните делегатки и гости имаа претседателката на ОЖ на НСДП Фросина Стевановиќ и потпретседателката на ОЖ Маја Стојковска.
Претседателот на НСДП Горан Мисовски исто така говореше на Конференцијата и ги поздрави присутните и избраните посакувајќи им успешна и плодна работа. Претседателот истакна дека е исклучително задоволен од учеството на жените и нивниот придонес за промоција на идејата и политиките на НСДП. Дека како претседстел се залага за полна рамноправност на сите и дека НСДП секогаш дава подршка и промоција на политиките за родовата рамноправност.


На крај новата претседателка Соња Радојковиќ се заблагодари за укажаната доверба да ја води ООЖ на НСДП Куманово, кажа дека и е чест и дека посветено ќе работи на промоција на организацијата

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство