ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НСДП ВИНИЦА, СТОЈАНЧЕ ЛАЗАРОВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

6 јули, 2023

Во хотел Александар парк во Виница се одржа Изборна конференција на ОО на НСДП Виница со присутни 70 делегати.

На Конференцијата за претседател на ОО на НСДП Виница беше избран Стојанче Лазаров.
Исто така беа избрани Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.

Пред присутните делегати се обрати претседателот на НСДП Горан Мисовски кој се осврна на актуелните политички збиднувања во државата и реорганизацијата на НСДП и организациското зајакнување на партијата по Конгресот кој се оддржа пред една година, како и предизвиците со кои успешно се справува владеачката коалиција.

Пред делегатите се обрати и избраниот претседател на општинската организација Стојанче Лазаров кој вети дека ќе ја оправда довербата на делегатите и дека силно, чесно и посветено ќе ја води општинската организација❗️

На Конференцијата беа присутни и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателката Соња Мираковска, потпретседателката Јулијана Цековска, организацискиот секретар Др.Венцо Вуинов, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски и членови на Извршниот одбор и Централниот одбор на НСДП.
СИЛНО И ЧЕСНО‼️

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство