ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НСДП ЛОЗОВО, ДУШАН ЃОРГИЕВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

27 јули, 2023

Во партиските простории на НСДП Лозово, општина Лозово се одржа Изборна конференција на НСДП општинска организација Лозово.

На Конференцијата за претседател на ОО на НСДП Лозово беше избран Душан Ѓоргиев.

Исто така беа избрани Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.

Пред присутните делегати се обрати претседателот на НСДП Горан Мисовски кој особено се заблагодари на делегатите на НСДП Лозово кои беа присутни на 5 Конгрес и дадоа недвосмислена поддршка за него. Пред делегатите говореше за актуелните политички случувања во државата и за политиките кои ги предлага и спроведува партијата.

Пред делегатите се обрати и избраниот претседател на општинската организација Душан Ѓеоргиев кој вети дека ќе ја оправда довербата на делегатите и дека силно, чесно и посветено ќе ја води општинската организација❗️

По завршувањето на Изборната конференција беше организиран пригоден коктел за делегатите и гостите.

На Конференцијата беа присутни и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателката Соња Мираковска, организацискиот секретар Венцо Вуинов и членови на Извршниот одбор и Централниот одбор.

СИЛНО И ЧЕСНО‼️

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство