ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НСДП КУМАНОВО, БЛАГОЈЧЕ ЈАЌИМОВИЌ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

21 јуни, 2023
🟡Во големата сала на Занатски дом во Куманово се одржа Изборна конференција на ОО на НСДП Куманово со присутни 100 делегати.
🔵На Конференцијата за претседател на ОО на НСДП Куманово беше избран Благојче Јаќимовиќ.
🟡Исто така беа избрани Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.
🔵Пред присутните делегати се обрати претседателот на НСДП Горан Мисовски кој се осврна на актуелните политички збиднувања во државата и реорганизацијата на НСДП и организациското зајакнување на партијата по Конгресот кој се оддржа пред една година, како и предизвиците со кои успешно се справува владеачката коалиција.
🟨Пред делегатите се обрати и избраниот претседател на општинската организација Благојче Јаќимовиќ кој истакна дека ОО на НСДП Куманово е еден од бастионите на НСДП, силна, сплотена и добро организирана општинска организација која е значаен политички чинител во градот. Се заблагодари за добиената доверба од делегатите и даде верување дека уште помотивирано и поангажирано со новиот состав на Извршниот одбор ќе спроведуваат политичките активности. Како претседател на партијата во град Куманово и член на Советот на општината ќе се залага Куманово да биде град на сите граѓани, не наше, ваше, нивно, туку Куманово за сите нас❗️
🟡На Конференцијата беа присутни и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателот Зоран Маневски, потпретседателката Јулијана Цековска, организацискиот секретар Др.Венцо Вуинов, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски и членови на Извршниот одбор и Централниот одбор на НСДП.
🟡🔵СИЛНО И ЧЕСНО‼️

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство