8 јули, 2023
Во Салата на Советот на општина Крива Паланка се одржа Изборна конференција на ОО на НСДП Крива Паланка.

На Конференцијата за претседател на ОО на НСДП Крива Паланка беше избран Влатко Ристовски.
Исто така беа избрани Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.
Пред присутните делегати се обрати претседателот на НСДП Горан Мисовски кој особено се заблагодари на основачите на НСДП кои беа присутни на конференцијата. Пред делегатите говореше за актуелните политички случувања во државата и за политиките кои ги предлага и спроведува партијата.
Пред делегатите се обрати и избраниот претседател на општинската организација Влатко Ристовски кој вети дека ќе ја оправда довербата на делегатите и дека силно, чесно и посветено ќе ја води општинската организација
На Конференцијата беа присутни и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателката Соња Мираковска, потпретседателката Јулијана Цековска, потпретседателот Зоран Маневски, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски и членови на Извршниот одбор и Централниот одбор на НСДП.
СИЛНО И ЧЕСНО!