8 декември, 2022
Во салата на Советот на општина Кочани се одржа 5тата Изборна конференција на ОО НСДП Кочани, на која се избра ново раководство на партијата во Кочани.

Се избра нов Извршен и Надзорен одбор и нов претседател на НСДП-Кочани Оливер Досевски.
На изборната конференција беше присутен претседателот на НСДП Горан Мисовски кој се обрати пред присутните, организацискиот секретар Др Венцо Вуинов и други членови на Извршниот одбор и Централниот одбор на НСДП.
Честитки на изборот на делегатите и продолжуваме СИЛНО И ЧЕСНО
