Почитувани,
Ве известуваме декa Локалниот клуб на НСДМ прилеп, на 05.12.2015 година одржа ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА на која беше избрано ново раководство на Локалниот клуб на НСДМ Прилеп.
Од поканетите 70 делегати на Изборната конференција присутни беа 65 делегати.
Изборната конференција ја водеше досегашниот претседател на ЛК НСДМ Прилеп Филип Стојчески, а беа присутни претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот на НСДП Горан Мисовски, и претседателот на НСДМ Тамара Баара.
За нов претседател на Локалниот клуб на НСДМ Прилеп е избран Михаел Смилески студент на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии роден 26.12.1993 година, активно говори англиски јазик, учесник на повеќе семинари, обуки за проектирање, симулации и управување со инженерски податоци, и компјутерска графика, а воедно беше избран и нов ИЗВРШЕН ОДБОР на ЛК НСДМ Прилеп.
На изборната конференција се обрати претседателот на ОО НСДП Прилеп Јулијана Цековска, претседателот на НСДМ Тамара Баара, новиот претседател на ЛК НСДМ Прилеп Михаел Смилески и претседателот на НСДП г-дин Тито Петковски.