ИВАН ТРАЈКОВСКИ И МЕЛАНИ АТАНАСОВСКА ОД МЛАДИНАТА НА НСДП (НСДМ) УЧЕСТУВАА НА ТРИБИНА НА ТЕМА: “УЛОГАТА НА МЛАДИТЕ ВО ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ДЕМОКРАТСКАТА КУЛТУРА

19 март, 2024

Зрела и конструктивна атмосфера ја одбележа денешната трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“. Претставниците на партиските подмладоци и граѓански организации кои се одѕваа на поканата, покажаа висока свест за прашањата кои бараат широк општествен консензус, без оглед на политичките и идеолошките разлики.


Денешниот настан не беше натпревар за политички поени, туку придонес кон заедничкиот напредок и кон зајакнат демократски дијалог во пресрет на изборите.

Денес во Клубот на пратеници имавше искрена дискусија, а младите партиски и граѓански активисти отворено ги споделија своите ставови за учеството и одговорноста на младите во општествено-политичките процеси, како и за најголемите предизвици со кои се соочуваат.

Важно е сите да станеме посвесни дека младоста има голема трансформативна моќ, која треба да се насочи кон вградување на вистинските вредности во општеството. Затоа, идните лидери и носители на одлуки треба да предводат со дејствување засновано на интегритет, одговорност и чесност.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство