Ишаран партискиот штаб на НСДП во Аеродром

23 ноември, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

Изборниот штаб на НСДП во скопската општина Аеродром, лоциран во трговскиот центар Бисер, ноќеска беше исшаран со пораки со политичка содржина, кои асоцираат на владејачката партија.

Имајќи во предвид дека овој вандалски чин се случи непосредно по завршувањето на големиот предизборен митинг на здружената опозиција, како и самата содржина на пораките, очигледно е дека станува збор за политички мотивиран настан кој зборува за паниката и нервозата во владејачката партија од резултатите на претстојните избори.

Демолирањето на партиски штабови, насилието, вандализмот, како средства на заплашување на политичките противцни во предизборниот период веќе е познато дека се дел од политичкиот арсенал на ВМРО-ДПМНЕ, кон кој посегнува во клучни политички моменти.

НСДП порачува дека вакви инциденти, пораки на заплашување или вандалско однесување на било кои политички фактори во земјава, нема ја обесхрабрат во својата намера да се вложи максимум во поразот на авторитарната власт во Македонија.

НСДП инцидентот го пријави во МВР.

stab1 stab2 stab3

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство