Граѓаните да го преселат Груевски таму каде што му е местото – во затвор

7 декември, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

15220039_10154842407592932_6624387156205462652_n

Како што наближува денот на изборната пресметка, автократот Никола Груевски сфаќа дека сериозно е разнишан неговиот политички легитимитет и дека поразот му виси над глава, тој се обидува на сите можни начини да побегне од криминалот во кој е фатен.  Главниот организатор на фамилијарниот криминал, фалсификатор на избори, човек кој со невиден садизам и нечовечност се справуваше со своите политички конкуренти, најгласниот војвода и лав, наеднаш почна да преде како маче. Човекот кој со својот десетгодишен деструктивен политички ангажман до таа мерка ги раздели и закрвави Македонците, како што не се памети ниту во најтешките времиња, почна да повикува на сплотеност и единство. Од сите оние кои со години ги погазуваше и до крај им го урна човечкото достоинство, сега бара прочка и разбирање за неговата алчност за пари, моќ и власт. Морално руинираниот Груевски, бара нов мандат и тоа со 63 пратеници за да може и понатаму без ничија контрола да владее. Сега му текна дека и левите и десните сме еден народ, и од тој истиот „народ“ бара на избори да го ослободи од кривичниот прогон и кривична одговорност за криминалот и злото што го нанесе на државата и граѓаните. Крајната негова цел, камуфлирана во неговата предизборна реторика за обединување, е со победа на изборите да се спаси од Идризово.

Најстрашно од се би било доколку Груевски успее во оваа влакна  и криминогена игра да ги вовлече граѓаните како избирачи, кои доколку му поверуваат на ветувањата практично на избори ќе го ослободат од секаков вид на одговорност. Безсрамно барајќи нов мандат, тој се обидува и практично да покаже дека е морално да се искористат демократските процедури за да ја укине демократијата, да го амнестира криминалот и корупцијата кои грижливо ги негуваше во својата партија и фамилијата.

НСДП очекува граѓаните на Република Македонија со помош на парламентарните избори, како врвен демократски чин, да му помогнат на Груевски стварно да си замине од политичката сцена и да го преселат таму каде што и објективно му е местото – во затвор и на буништето на историјата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство