ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НСДП МИЛКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ЦРНА ГОРА

29 јуни, 2022

Генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со генералниот секретар на Парламентот на Република Црна Гора, Александар Клариќ, на која се разговараше за билатералната соработка и успесите и предизвиците на двата парламента и заедничките теми за соработка. Констатиравме дека парламентарната соработка е на високо ниво кое треба да се одржува и унапредува.🇲🇰🇲🇪

Милковски го запозна Клариќ со сите достигнувања на македонското Собрание, иновативните проекти кои неодамна беа реализирани во овој Претставнички дом и истакна дека во изминатиот период особено внимание се посветувало на подигнување на нивото на транспарентност, како и зајакнување на капацитетите и зајакнување на собраниската служба. Како примарен дел од заложбите на парламентот во кој е дел од раководството, Милковски ја истакна важноста од стратешко делување во работата на високиот законодавен дом.

Соговорниците ја потврдија целосната и несомнена поддршка на проектот за формирање буџетски канцеларии и истакнаа дека во иднина ќе се залагаат за подобрување, зајакнување и натамошно развивање на работата на овие организациски единици.

🎥Генералниот секретар Милковски имаше поздравно обраќање пред презентацијата на анализата подготвена од Парламентарните буџетски канцеларии од Собранието на Република Северна Македонија и Парламентот на Република Црна Гора.

🔎📗Истражување на тема: “Движење на странските директни инвестиции и надворешно -трговската размена во Црна Гора и Северна Македонија, во периодот од 2019 до 2021 година”.

Заменик генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Мики Милковски, оцени дека суштината на општествениот напредок се квалификуваните служби кои професионално, одговорно и ефикасно ја вршат својата работа и истакна дека формирањето собраниски буџетски канцеларии е голема придобивка. за двата парламента.

„Во распределбата на моќта меѓу трите столба на власта во демократските држави, важно е парламентот да има независна улога во која нема да биде подреден на извршната власт, туку ќе биде коректор и критичар за да создаде вистинска насока. во која да напредува“. Во таа смисла, зајакнувањето на финансискиот надзор и контролата на финансиското работење е исклучително важен сегмент на кој му придаваме големо значење“, рече Милковски.

ВО ПРИЛОГ ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОСЕТАТА НА МИЛКОВСКИ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ЦРНА ГОРА:

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство