ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НСДП МИЛКОВСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НСДП КРИВА ПАЛАНКА РИСТОВСКИ, ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА, САШО МИТРОВСКИ

26 февруари, 2024

На средбата разговараа за успешно реализираните проекти во градот, но и во североисточниот регион, констатирајќи дека владеачката коалиција предводена од СДСМ, во која учествува и НСДП, во Крива Паланка и Ранковце инвестираше во многу проекти и тоа капитални инфраструктурни објекти, системи за наводнување, експресен пат, многу локални патишта, водоводи и пред се посебен впечаток остава културното заживување на градот и големиот број на реализирани манифестации.


Крива Паланка има многу отпочнати проекти кои треба да се дореализираат во идниот период, граничи со Европската Унија и треба да продолжи европски да се развива, тоа единствено е можно со силна владина подршка, која во изминатиот период беше голема, со особени заслуги на премиерите Заев и Ковачевски и министрите Оливер Спасовски и Љупчо Николовски.

На средбата се разменија мислења и идеи околу начините на решавање на локални проблеми и прашања кои ги засегаат граѓаните од урбаните и руралните места во општината.
СДСМ и НСДП имаат партнерска и стабилна соработка 16 години, која продолжува во идниот период, а заеднички со посветена работа и решавање на проблемите на граѓаните очекуваме уште многу реализирани проекти.

Граѓаните на Крива Паланка и на целиот североисточен регион ги препознаваат овие успешни политики и ќе дадат силна подршка на претстојните претседателски и парламентарни избори за Европската коалиција.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство